Мистерија на убиство од пред 40 години доби нов заплет: Сите се прашуваат што е со бебето од фотографијата?

Сподели со своите пријатели

По речиси 40 години потрага, откриен е идентитетот на американска двојка убиена во Хјустон, но останува мистерија што се случило со нивната ќерка.

Loading...

Во 1979 година, Харолд Дин Клаус (21) оставил зад себе проблематично минато и се преселил од Флорида во Тексас со неговата нова сопруга Тина Гејл (17) и нивната мала ќерка Холи Мари, во потрага по нов живот.

– Можам подобро да се грижам за Тина и бебето – се сеќава неговата мајка што кажал пред да замине, тврдејќи дека кога дошол имал работа како столар со голема плата.

Нивните тела биле откриени заедно во шумска област во Тексас на 12 јануари 1981 година, кога куче ги однело трагачите кај нивните останки.

Харолд бил пронајден претепан и врзан, со затнати уста, а Тина била задавена.

Сепак, идентитетот на двете тела е утврден дури на крајот на минатата година.

„Хјустон хроникл“ известува дека сестрата на Клаус, Деби Брукс, се присетила дека добила повик од експерт за генетика кој успеал да и влезе во трага откако ДНК на Клаус била објавена на генеалошката страница GEDmatch.com, каде што може да се истражи нечие потекло.

Брукс објасни дека жената пронајдена со Клаус најверојатно била неговата сопруга, што подоцна било потврдено со ДНК тест од роднините.

Loading...

Но, бидејќи и двајцата родители се идентификувани, останува прашањето каде била ќерката на Холи сите овие години.

Дона Касасанта, мајката на Клаус, се сеќава дека нејзиниот син престанал да ѝ пишува во доцните 1980-ти.

Неколку месеци подоцна, таа добила повик од лице кое понудило да го одвезе неговиот автомобил до Флорида од Калифорнија за 1.000 долари.

После тоа, три жени во црковни униформи пристигнале со возило и ѝ кажале на Дона дека парот се приклучил на религиозна група и ги прекинуваат сите врски со надворешниот свет, а со оглед на тоа дека Клаус претходно ѝ се приклучил на сектата, приказната е потврдена.

– Почнавме да бараме и да бараме – вели Касанта.

Имињата на парот се додадени на списоците на исчезнати лица. Но, на крајот трагата се оладила.

Дури во јули 2011 година, властите на округот Харис ги ексхумирале телата за да извлечат ДНК што подоцна се совпаѓала со онаа на GEDmatch.com.


Loading...