Мистерија на ледената дупка на Антарктикот: Исчезнала, па се појавила 12 години подоцна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Појавата на мистериозна дупка на Антарктикот предизвика многу шпекулации. Тајно скривалиште, воена база, дали е ЦИА, ФБА… или е нешто друго?

Loading...

Теоретичарите на заговор дебатираат дали станува збор за воена база или доказ за постоење на античка цивилизација. За што всушност станува збор?

Потеклото на бизарниот влез на Антарктикот останува необјаснето откако дупката одеднаш се појави во 2007 година, пред да исчезне од „Гугл мапс“ само шест месеци подоцна.

Дванаесет години подоцна таа повторно се појави.

Фотографијата доаѓа од островот Гринич, еден од островите во близина на Антарктикот.

Според теоретичарите на заговор, пештерата е наводно висока 22 метри и ширина 75 метри. Тоа значи дека потенцијално може да скрие стотици, ако не и илјадници луѓе.

– Дали климатските промени можат да го стопат мразот околу пештерата и да откријат тајни? Доволно е големо вселенско летало, летечки чинии или дури и воена опрема да летаат во толку голем отвор. Дали е ова воена база? Нешто направено од човекот? – рече Брет Каусин, човекот кој ја пронајде оваа дупка.

Сепак, во коментарите под видеото за дупката, се нудат неколку логични објаснувања за феноменот.

Loading...

Се чини дека станува збор за топење на мразот. Слични феномени можете да видите и на Северниот пол.

Погледнете ја патеката до водата. Изгледа како ерозија.

 

Leave a Reply