Мислите дека вашето дете е зависно од видео игри? Овие знаци го откриваат тоа!

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација ја класифицираше зависноста од играње видео игри како специфично нарушување на менталното здравје, а овој тип на зависност е се почест кај децата и тинејџерите.

Loading...

За да можат лекарите да утврдат дали детето е навистина зависно од видео игри, тие мора да „задоволат“ одредени критериуми, кои вклучуваат давање приоритет на играње видео игри и нивно користење за да се чувствува добро поединецот или да ги избегне секојдневните обврски.

Ако играњето видео игри го доведува детето во конфликт со родителите или општо опкружувањето, ова се смета и за еден од знаците на зависност, пренесува The Sun.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Откриени над 60.000 лажни верзии на популарни апликации за Android кои тајно инсталираат малициозен софтвер

Како што објаснуваат експертите, знаците дека детето може да биде зависно од видео игри вклучуваат:

– преокупација со играње

– симптоми на анксиозност или нервоза кога играњето е прекинато или невозможно (тага, вознемиреност, раздразливост)

– силна потреба да поминете што е можно повеќе време играјќи видео игри

– неможност да се намали играњето игри (неуспешни обиди да престане да игра видео игри)

Loading...

– повлекување од други активности или губење на интерес за активности во кои детето претходно уживало

– лажење на родителите за времето поминато во играње видео игри

– користење видео игри за ублажување на негативните расположенија како лутина, вина или анксиозност

ПРОЧИТАЈТЕ И:  5 лекции кои според Бил Гејтс сите студенти треба да ги знаат

– попуштање на училиште.