Двајца естонски градежници мислеле дека куче паднало во заледена река, па веднаш трчале по него да го спасат.
Loading...
Работеле на брана на реката Парна кога виделе животно во неволја, па трчале низ мразот.
Потоа кучето го замотале во ќебе и го ставиле во автомобил да се стопли. Дури кај ветеринар дознале дека спасиле волк.
– Беше мирен, спиеше на моите нозе, рекол Рандо Катсеп.

Волкот претрпел сериозна хипотермија, но се опоравува. Ветеринарите го држав во кафез во случај да стане агресивен.
Утврдено е дека се работи за млад волк, стар околу година дена. Тој по успешното заздравување ќе биде вратен во природното живеалиште.
Loading...
Естонската унија за заштита на животните ги платила трошоците за неговото лекување.