Мислела дека е трудна, тестот бил позитивен, но тоа внатре не било бебе

Сподели со своите пријатели

Теми Милан и нејзиниот сопруг Ричард, актер од серијата „Ватерло Раунд“ биле уништени со сознанието за сериозната и необична болест која Теми ја добила. Имено, нејзиниот тест за бременост бил позитивен, а подоцна се испоставило дека не била бремена, туку дека е во прашање тумор кој личи и се однесува како бебе во стомакот.

Loading...

Се радувале и биле убедени дека наскоро ќе станат родители, но подоцна кога отишле во болница, нивниот живот се урнал. Ултразвукот открил дека нема бебе, туку дека е во прашање ретка болест хориокарцином, која расте во плацентата и која се манифестира со симптоми на бременост.

– Кога бев на ултразвук по три месеци бременост, утврдено е дека ембрионост не расте, рекла Теми Милан, а по деталните прегледи лекарите на до тогаш среќниот пар, морале да му соопштат ужасни вести – дека таа боледува од хориокарцином, упорен трофобластичен, многу редок тумор.

Поради природата на болеста лекарите не можеле да ја оперираат, туку ја ставиле на исцрпувачка хемотерапија. Секоја недела во следните осум месеци ја посетувала болницата и одела на истиот третман.

– Морав да минувам низ тоа. Имав целосна поддршка од Ричард, цело време беше со мене, рекла Теми.

Во моментот кога била дијагностицирана болеста, таа била на завршна година од образувањето за медицинска сестра на Универзитетот Јужен Велс.

Loading...

По болеста ги завршила студиите, а неодамна дипломирала.

Повеќе нема тумор, но анализите на крвта ќе мора  редовно да ги испраќа во болница и да оди на превентивни прегледи.

Извор/фото: Мирор

Leave a Reply