Мирна новогодишна ноќ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Новогодишната ноќ во Куманово помина мирно, такви се проценките и на здравствените работници, но и на полицијата.

Loading...

Итната медицинска помош во текот на ноќта бележи три интервенции се од доменот на секојдневното работење.

– Мирна ноќ барем по она што имаме сознанија од дежурните екипи, ниту транспорти до клиниките во Скопје, да се надеваме дека 2021 година глобално ќе биде подобра за сите нас што сме здравствени работници. Ќе посакам она што беше актуелно во 2020 полека да станува минато во нашите животи, иако сме свесни дека борбата уште ќе трае. Да се надеваме дека повеќе ќе се видуваме за убави нешта, проекти, да ја испратиме короната во 2021, затоа што здравството нуди многу опции за убави нешта, изјави Снежана Захариева, директор на Општа болница Куманово.

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply