Мирна ноќ во Куманово – блокадите остануваат

Сподели со своите пријатели

Втор ден како полицијата го држи затворен приодот кон полициската станица во Куманово, со блокирање на две улици кои кружно водат кон зградата на СВР Куманово.

Loading...

Со поставување на полициски возила, полицијата според неофицијални извори, поради превенција од можен напад, ги загради улиците ”11 Октомври” и ”Тодор Велков” од четврток навечер, што кај граѓаните на Куманово создаде извесена паника и страв од повторување на вооружени дејства од минатиот викенд.

Ноќта во Куманово помина мирно.

Досега, никој од надлежните од МВР не одржа прес конференција на која подетално ќе објаснат, зошто после неколку дена од нападите во нас. Тоде Мендол, полицијата се одлучи на ваков чекор.

Во дневниот извештај на РЦУК се вели дека Центарот за управување со кризи биле информирани од СВР Куманово дека дел од улиците кај што се лоцирани  објектите на СВР Куманово, Општината Куманово, Основниот суд и  ПТТ, се блокирани поради превентивни полициски активности.

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *