Мирковски: Се чувствуваат последиците од вирусот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Некои од играчите сѐ уште не се излечени и се чувствуваат последиците од вирусот“, изјави денеска тренерот на Кошаркарскиот клуб Куманово, Владимир Мирковски, откако неговите избраници го загубија БИБЛ натпреварот со црногорскиот Теодо.

Loading...

– Имавме 77:69 на некои три и пол минути до крај, имавме игра и се, наместо да го скршиме противникот со неколку грешки направивме тие да се вратат во игра и некоја резултатска клацкалица кајшто ние не ги искористивме нашите шанси. Тие погодија некои тројки и тука заслужено победија. Во последно време имаме проблем, само што излеговме минатата недела од изолација, имавме тежок натпревар со ТФТ, сменивме доста играчи, некои од играчите се уште не се залечени, се чувствуваат последиците од вирусот, ќе работиме напорно и се надеваме дека следниот натпревар ќе биде подобар, изјави Мирковски.

 

 

Куманово вечерва го загуби натрпеварот во последните минути, со резултат 78:93.

Никола Ивановски

 

Loading...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *