Мирковски: Паузата по осум месеци се чувствува кај играчите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Паузата по осум месеци се чувствува кај играчите, но желбата не изостана“, изјави тренерот на КК Куманово Владимир Мирковски, откако клубот вечерва го совлада скопски ТФТ во рамките на БИБЛ лигата.

Loading...

Како што истакна Мирковски, потфрлија играчите во одбраната, но заслужено славеа.

– Работиме напорно и се надевам дека ќе го радуваме и градот и ќе имаме поголеми успеси. По пауза од три или четири години Куманово повторно се враќа во оваа регионално натпреварување, сакаме да се претставиме во што подобро светло, мислам дека имаме олеснителност што првите неколку кола ги играме дома поради патувањата со коронавирусот и се надевам дека следното коло ќе биде уште поубедливо, изјави Мирковски.

Повеќе во видео изјавата на Мирковски во продолжение.

 

Leave a Reply