МИОА и ЕПИ потпишаа Меморандум за соработка

Сподели со своите пријатели

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорката на Институтот за европска политика-ЕПИ, Симонида Кацарска, денеска потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот претставува одбележување на продолжувањето на соработката во делот на реформата во јавната администрација, особено во делот на реализација на проектот WeBER. Станува збор за проект за креирање на овозможувачка околина во земјите од Западен Балкан за мониторинг на реформите на јавната администрација од страна на граѓанското општество.

Loading...

Првите наоди од овој проект, покажуваат дека во однос на проактивната транспарентност на институциите, забележан е напредок во нашата држава и поздравени се напорите на Владата во однос на зајакнување на транспарентноста и отчетноста.

Дополнително, во однос на областа креирање политики и достапни информации за работата на институциите, од земјите во регионот најголем напредок се забележува во Северна Македонија од сите земји од Западен Балкан. по промената на власта. Во претходниот циклус Северна Македонија бележеше скор од 0 бодови, сега тој изнесува 2.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *