Министрите утре на терен низ Куманово, пред официјалната владина седница

Сподели со своите пријатели

Владата на Република Северна Македонија својата редовна 171. седница ќе ја одржи утре, на 16 декември (понеделник) во Куманово, во Занаетчискиот дом.

Loading...

Со оваа трета седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, ќе претседава Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, и на неа ќе присуствуваат сите министри во владата, а како гости ќе учествуваат и градоначалниците од регионот.

На оваа седница приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на општините од регионот.

За таа цел, во текот на денот, на седницата ќе ѝ претходат повеќе теренски активности.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, ќе извршат увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Куманово – Св. Николе, по што ќе следуваат изјави за медиумите.

Министерот за здравство Венко Филипче ќе ја посети општата болница во Куманово.

Во рамки на теренските настани, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе ја посети компанијата за месна индустрија Никси, како еден од корисниците на ИПАРД програмата.

Во 15:00, во Здружението на пензионери, министерот Венко Филипче ќе се сретне со пензионерите од Куманово и регионот.

Loading...

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во 17:00 ќе се сретне со корисници на социјална пензија од Куманово и регионот. Средбата ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Куманово.

Leave a Reply