Министрите од редовите на ДУИ ја напуштија Владата

Сподели со своите пријатели

Доцна вчеравечер на сајтот на ДУИ беше објавена информацијата дека на партиското претседателство било данесена одлука министрите од своите редови да ги повлечат од Владата на Република Македонија.

Претседателството на Демократската унија за интеграција вечерва одлучи да ги повлече сите сегашни претставници во извршната власт на Република Македонија – стои во соопштението на ДУИ.

Претседателството, исто така, потврдило дека на претседателот на партијата Али Ахмети му се доделуваат сите извршни овластувања за носење на одлуки и дека тој има право да одлучи за следните чекори на ДУИ. Партијата известува дека ќе ја преиспита својата политика во наредните денови, а во соопштението не се наведени причините за овој ненадеен потег на коалициониот партнер во владата.

Во Владата има 26 министри заедно со премиерот, што значи дека извршната власт останува без една третина. Уставот во ваков случај предвидува целосна собраниска процедура за нова влада, за што нема време затоа што на 7 април Собранието се самораспушта по закажаните избори на 5 јуни.

Овој потег на ДУИ веќе се толкува како коалициски договор за бришење на сите можности за уште едно одложување на изборите закажани за 5 јуни.

Според Уставот на Република Македонија, ако премиерот предложи промена на најмалку една третина членови во Владата, Собранието одлучува како за избор на нова влада. Во овој случај за ваква процедура веќе нема време затоа што законодавниот дом се распушта за 6 дена.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.