Министерството за здравство најави намалени цени на 282 лека

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство денес го најави новото намалување на цените на вкупно 282 лека. Како што соопштуваат од министерството, се работи за осмо по ред намалување на цените на лековите, со што вкупната годишна заштеда ќе биде над еден милион евра.

Loading...

Како што појасни на денешниот прес министерот Никола Тодоров, намалени се малопродажните и големопродажните цени на 203 генерички лекови и на 79 оригинатори и иновативни лекови.

Најголемо намалување на малопродажна цена кај некои од најчесто употребуваните генерички лекови има кај „золендронска киселина“ – лек за третман на остеопороза и рак на коски, „лориста Х“ – лек за висок крвен притисок, „еманера“ – лек за гастроинтестиналниот тракт, „пропофол липуро“ – емулзија за инјектирање или инфузија и „реодон“ – лек за третман на дијабет.

Кај оригинаторите и иновативните лекови најголемо намалување на малопродажна цена има кај „церезим“ – лек за третман на Гоше, вродено ретко заболување, „авонекс“ – лек за третман на Мултипла склероза, „клексан“ и „рофилак“.

Со претходните седум намалувања на цените на лековите почнувајќи од 1 февруари 2012 година вкупно се опфатени над 4.500 лека, а вкупната остварена заштеда за здравствениот систем изнесува околу 32 милиони евра, средства кои остануваат во системот и се пренаменуваат за други здравствени услуги. Повеќепати се намалени амлопидинот, клопидогрелот, лосартанот и бонвитата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.