Министерството за финансии исплати 227 милиони денари земјоделски субвенции

Сподели со своите пријатели

Министерството за финансии испали 227 милиони денари субвенции на 8.562 земјоделци за произведено и продадено овчо, кравјо и козјо млеко, соопшти денеска Министерството за финансии.

Loading...

За поддршка на сточарствтото исплатени се и 3 милиони денари по основ одбележани грла овци и за угинати овци и кози од болеста син јазик.

За домашен лозов калем исплатени се 14 милиони денари финансиска поддршка. Мерката изнесува 25 денари по лозов калем.

Од Министерството за финансии информираат дека се исплатени и 1,4 милиони денари за поддршка на градинарско производство на отворено и под пластеници.

За здружувања за земјоделско производство исплатени се 2,2 милиони денари.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.