Министерот Мисајловски ги пушти во употреба новите простории на Одделението за катастар (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во придружба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славчо Трпевски, Дејан Јовановски како раководител на Одделението за катастар во Куманово и пратеникот Зоран Ѓорѓиевски денеска ги пуштија во употреба новите простории на Одделението за катастар во Општина Куманово.

 

Loading...

 

Истите се наоѓаат на улицата „11-ти Октомври“ веднаш спроти прсоториите на Општина Куманово во простор од 123 метри квадратни.

Едно пријатно катче за сите жители на Општина Куманово каде ќе можат да си ги подигнат своите документи, да имаат пријатен и комотен престој во овие простории. Претходно имаше простории на Катастарот, но беше поотежнато за граѓаните за пристап и сега со сопствени средства Катастарот веќе направи нови канцеларии многу блиску до општината и судот и секој ќе може многу брзо да си ги добие своите документи – изјави Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски.

 

Министерот испрати апел сите граѓани да дојдат и да поднесат барања за легализација, бидејќи денес е последниот ден од предвидениот рок за легализација на бесправно изградените објекти, а потенцираше дека сите општини ќе работат со продолжено работно време за да се пружи можност навремено да се заврши оваа обврска, за која до сега аплицирале 50 илјади граѓани.

Мисајловски најави и целосна реконструкција на патниот правец Скопје – Куманово која се очекува да завршу за 12 до 15 месеци.

Следниот месец започнуваме со рехабилитација на патниот правец Скопје – Куманово. Тоа е една голема инвестиција каде заедно во соработка со ИПА фондовите, односно со ЕУ. Станува збор за од прва делница од пет милиони евра и втората делница од пет милиони евра, значи рехабилитација на аптот Куманово-Скопје и Скопје-Куманово. Целиот проект е 20 милиони евра. Едната фаза ја започнуваме наредниот месец, односно месец април, а следната за неколку месеци – истакна Мисајловси.

Директорот на Агенцијата за кататар на недвижности, Славчо Трпевски истакна дека на овој начин се подобруваат условите за работа, но и услугата за граѓаните.

Тука во Куманово нашите шалтери беа на вториот спрат, но таму спратовите се негде до четири до пет метри, така да беше проблематично доаѓањето до самиот шалтер, а да не зборувам  за лицата со посебни потреби. Во Куманово имавме мал проблем, општината која има овластувања да издава имотни листови за нејзините потреби, пример издавање на одобрение за градба или за легализација на дивоградби наместо да го прави тоа ги праќаше лушето во Катастарот – изјави Трпевски.

 

Тој апелираше да не се чекаат последните да не се чека последен момент, туку луѓето навремено да аплицираат за изработка на бесплатни геодетски елаборати кои ги издава Катастарот.

Сега имаме поголем шалтерски простор кој е на приземно ниво, каде што лицата со хендикеп или псотари лица, изнемоштени ќе можат полесен рпистап да имаат, така да и бројот на шалтерите е поголем па ако има поголема навалица од клиенти да можеме да ги услужиме. Ова е нешто што му требаше на градот Куманово, а пред се на Одделението за катастар во Општина Куманово и мислам дека граѓаните пред се ќе добијат поквалитетна и подобра услуга од нашата агенција.

 

Loading...

Пратеникот во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од Куманово, Зоран Ѓорѓивски истакна дека тврдењата дека Владата на мисли на Куманово со овој проект паѓаат во вода.

Пред нас имаме уште два-три проекта каде што со тие проекти надежите на кумановчани за едно подобро Куманово ќе бидат остварени.

 

Инаку Одделението за катастар на недвижности во Куманово дневно на шалтерите опслужува околу 300 лица, не сметајќи ги оние кои аплицираат на интернет.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.