Министерот и вицепремиер Ставрески си поднесе оставка

Сподели со своите пријатели

Зоран Ставрески, поради лични причини поднесе оставка од функцијата министер за финансии и вицепремиер на Република Македонија.

Здравствените причини со кои се соочувам и советите на лекарите упатуваат дека постои неопходност од подолго лекување и опоравување, па затоа нема да сум во можност да ја вршам  функцијата министер за финансии и потпретседател на Владата на Република Македонија – пишува во оставката на Ставрески.

Неговата фунцкија ќе ја наследи актуелниот директор на Управата за јавни приходи, Кирил Миновски.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.