Министерката Ременски го посети Транзитниот центар на Табановце (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски денеска беше во работна посета на Транзитниот центар на Табановце со цел да се запознае со активностите во надлежност на министерството.

 

Loading...

DSC_0024

 

Заедно со раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи, Горан Стојановски напарвија обиколка на Транзитниот центар и камповите каде секојдневно транзитираат илјадници бегалци, со што министерката најави подобрување на условите откако се запозна со моменталната состојба.

 

DSC_0007

 

Ременски ги увиде условите во камповите откако Министерството за труд и социјална политика направи напори во истите да се обезбеди електрична енергија која ќе овозможи затоплување на шаторите и камповите и ќе им ги подобри условите на бегалците.

Сакам да потсетам дека со тој аспект од активностите на министерството имаше доста манипулации и шпекулации во медиумите од аспект дека некој не сака да пристапи на обврските, но Министерството за труд и социјална политика и овој министер во делот на донесување струја во прифатните центри, договорот е потпишан на 30-ти ноември 2015 и во најбрз можен рок беа направени сите подготовки да се донесе трансформатор со целокупните активности со фирмите кои напарвија електрични премрежувања во кампот за да се овозможи функционалност во однос на греење и фунцкионирање на институциите кои имаат обврските тука, Министерството за внатрешни работи, Црвениот крст и невладините организации кои во најголем дел го носат товарот за помошта за бегалците – вели Ременски.

 

Loading...

Министерката ја пофали работата на невладините организации кои обезбедуваат помош за бегалците и вели дека се направени увиди невладиниот сектор да добие остварување ан сите забелешки со кои има пристапено до министерството.

Министерството за труд и социјална политика во моментот спроведува голем број од активностите кои што треба да ги засилат подготовките за периодот кога се очекува поголем прилив на бегалци. Претпоставувам тоа ќе биде период кога временските услови ќе бидат поповолни и во таа насока спроведуваме неколку постапки и во делот на набавка на храна за да има доволно, доколку се создадат вонредни ситуации и набавка на душеци и опрема која може да се стави на разсполагање доколку дојде до состојба на вонредна ситуација.

На прашање на Кумановски Муабети, каква ќе биде судбината на економските мигранти кои се во прифатните центри, а Србија не сака да ги прифати, министерката вели дека имаат право на престој шест дена во камповите, а потоа институциите треба да одлучат за нивната судбина.

Прифатниот транзитен центар кој го регулира статусот на лицата кои транзитираат низ Република Македонија и имаат статус на лица во транзит и лица кои обезбедуваат неколку часовен одмор и го продолжуваат транзитот во максималното време за задржување во прифатните транзитни центри е шест дена што значи секое задржување подолго од шест дена треба да биде прашање на разгледување на други институции во овој случај на Министерството за внатрешни работи, бидејќи станува збор за лица кои се тука, луѓето ангажирани тука ја следат нивната активност, не претставуваат никаква закана за активностите тука. Тоа се модусите кои им стојат на располагање, или да изразат потреба за азил и да се сместат во прифатниот центар или да бидат транспортирани на јужната граница, односно да бидат доведени до излез од Република Македонија до местото каде што влегле – одоговори Ременски.

DSC_0021

 

Исто така министерката за труд и социјална политика најави и ставање во функција на кујната на Табановце, како онаа што веќе функционира во Гевгелија.

Кујната која што функционира во Гевгелија треба да профункционира во Табановце, има некои услови за функционална кујна која не е во стандардите што треба да ги има за ваков тип на центар. Ние ќе ги направиме дополнително обидите и напорите да го регулираме тоа прашање бидјеќи топлите оброци се потребни во овие зимски услови во кои бегалците се сместуваат во прифатниот центар. Тоа е едно од прашањата која сакавме денеска да го видиме. Направивме увид во капацитетот на кујната и условите во кои фунцкионира и во таа насока исто како што кажав претходно сите утврдени недостатоци кои денеска ќе ги детектираме во најбрз можен рок ќе ги отстраниме – вети Ременски.

Во исто време додека министерката Ременски беше во посета на бегалскиот центар на Табановце, Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со српскиот колега Стефановиќ беше на јужната граница.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.