Министерката Фросина Ременски со тужба против Диме Спасов (видео)

Сподели со своите пријатели

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски ќе поднесе кривична пријава против а сегашен заеменик министер, Диме Спасов.

Таа го обвинува дека иако имал обврска, не одлучувал по жалбите доставени од страна на над 1.400 граѓани кои биле корисници на социјална парична помош, односно за укинатото право на социјална парична помош на 6.603 граѓани во периодот септември 2014 – септември 2015 година.

Проблемот со укинувањето на правото на парична социјална помош на оваа бројка на корисници и семејства се однесува во делот на неодлучувањето по жалби од решенија од Центарот за социјални работи и неодлучувањето на министерот за труд и социјална политика по повеќе од 1.400 предмети во министерството – изјави Ременски при вчерашната посета на Куманово.

Актуелната министерка вели дека нејзиниот претходник Диме Спасов правото за одлучување по жалбите го пренел на лцието кое било на пробна работа во министерството што е спротивно по Законот.

Проблемот е и фактот што примената на правилникот што следела по донесување на измени на Законот во јануари 2015 се применувала ретроактивно, и се зафатени голем број на граѓани со ускратено право, и од 2014 се обврзани да ги враќаат средствата во Центрите за социјални работи, односно преку спогодба или тужба дококолку не сакаат да ги вратат. Станува збор за граѓани кои што се најранливата категорија граѓани во Република Македонија без приходи и самото изложување на во ововј случај обврската да ги враќаат средствата на нив им претставува дополнителен проблем. Меѓутоа дополнителен проблем е што доколку не пристапат до враќање на средствата, тие не можат да се пријават повторно како баратели на социјална парична помош – истакна Ременски.

Министерката ќе ја тужи и поранешната пратеничка Сузана Андонова, службеничка на пробна работа во министерството која одлучувала по жалбите.