Мини саем на книга во кумановската библиотека „Тане Георгиевски“

Сподели со своите пријатели

Во соработка со издавачката куќа „Три“ од Скопје неделава пред кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ љубителите на убавиот пишан збор ќе може да се подноват со нова книга на мини саемот.

До сабота од 10 до 19 часот, караванот на книгата ќе понуди побагата програма за сите популации.

Станува збор за традционални саем ни книги кои особено во летниот период се позачестени од причина што е намален бројот на читатели учениците не одат на училиште и зајмувањата во поглед на лектирните изданија е намален така што со овој начин планираме да ја зголемиме потребата односно интересот кај нашите граѓани во однос на читањето книги – изјави Марјан Петковски, директор на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“.

Како што потенцираше Петковски, во постојан контакт се со останатите издавачки куќи кои во следниот период ќе понудат најнови изданија на кумановската читателска публика.

Имаме поголем избор за сите старосни групи од најмлада до најстара читателска публика од белетристика, психологија, автобиографски, боенките ни се доста голем хит како еден вид на антистрес терапија особено за повозрасните сега. Во последниве неколку години се повеќе и повеќе нашите изданија се  во електронска форма, дефинитивно можеме да кажеме дека особено помладата читателска публика е повеќе заинтересирана за електронски изданија но сепак генералната слика ни кажува дека луѓето во Македонија читателската публика повеќе си е традицонална и сака во стар формат читање на книги – изјави Андреја Марковски издавачки центар „Три“.

Во изминатиот месец ваков саем, издавачката куќа „Три“ организираше саеми во Битола, Гевгелија и Штип.

 

Loading...