Минатата година кумановци дарувале 2.600 крвни единици

Сподели со своите пријатели

Во Куманово за 2015 година биле собрани вкупно 2.600 крвни единици во 42 крводарителски акции на Црвениот крст, информираат од Основната организација на ЦК на Куманово, а пренесува ТВ Сител.

Во однос на 2014 година бројката незначително бележи пад, но не се отстапува од просечните собрани единици во однос на претходните години.

Задоволни сме од бројот на ланските крводарувања, особено ако се спореди со пред пет-шест години кога бројот на собрани крвни единици се движеше до 1.800, изјави Ива Младеновска, стручен соработник за здравство во Општинската организација на Црвениот крст.

Таа посочи дека во минатата година, благ пораст на бројот на крводарувања е забележан кај вработените во приватниот сектор. Граѓаните, додаде, се повеќе се свесни за хуманиот аспект од крводарувањето, што се должи на континуираните апели на организацијата за вклучување во акциите, одличната соработка со Институтот за трансфузиона медицина и поддршката од медиумите.

И годинава, како што рече, планирано е да се одржат околу четириесетина крводарителски акции со граѓански здруженија, средни училишта, во јавни институции и установи и приватни компании.

Во втората половина на јануари ќе се одржат три крводарителски акции во просториите на приватна компанија, граѓанско здружение и политичка партија, додаваат од организацијата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.