Минатата година 14.131 Македонци побарале азил во Германија

Сподели со своите пријатели

Минатата година вкупно 14.131 лице од Македонија побарале азил во Германија, покрај Албанија и Косово кои се на самиот врв според барањата од балканските земји.

Минатата година Албанците биле најголемата поединечна национална група која барала азил во Германија, веднаш зад Сиријците, покажуваат последните податоци на Министерството за внатрешни работи во Германија.

Балкан Инсајт објави дека 54.762 лица од Албанија побарале азил во Германија минатата година, пренесува еМагазин. Веднаш зад Албанците на листата се Косоварите со 37.095 барања, а на третото Авганистан и на четвртотто жителите од Ирак.

Од балканските земји ни Србија не е за потценување кога се во прашање барањата за азил во Германија. Вкупно 26.945 Срби побарале азил во „ветената земја“.

На врвот на самата листа со најмногу барања за азил во Германија и во 2014 биле балканските земји, откако Германија одлучи да ги именува како безбедни, но во барањата секако во 2015 предначеа земјите од Блискиот исток.