Милионски проневери во ЈП Водоствопанство „Кумановско-липковско поле“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Време е да се дознае како се трошени, односно како се крадени вашите пари, време е да се дознае зошто во изминатиот период толку многу е уценувано Јавното претпријатие „Водовод“ за пари и каде завршувале истите“, вака денеска ја започна својата прес конференција директорот на ЈП Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ Оливер Илиевски кој поднесе кривични пријави за како што рече милионски проневери во претпријатието.

Loading...

Директорот Илиевски денеска поднесе низа кривични пријави во Основното јавно обвинителство Куманово против три лица кои се уште се вработени во претпријатието, а за кои тој установил дека на нелегален начин ги трошеле парите на граѓаните.

Истите ги сомничи дека сториле кривични дела по неколку членови од Кривичниот законик на Република Северна Македонија, и тоа: Член 394 „Злосторничко здружување“, член 353 „Злоупотреба на службена положба и овластување, член 355 „Измама во служба“, член 361 „Фалификување на службена исправа“, член 354 „Проневера во служба“, член 353 „Несовесно работење“, член 280 „Фалсификување или уништување на деловни книги“, член 378 „Фалсификување на исправа“ и член 380 „Употреба на исправа со невистинита содржина“.

– Оваа група изготвила лажни документи за прием на стоки и материјали во магацин на Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ со фалсификувани потписи на магационер, потоа истата група изготвила лажни документи за испратница од магацин со фалсификувани потписи на магационер и фалсификувани потписи на сите вработени. Истите стоки никогаш не се пристигнати во магацините на Водостопанство. Сите вработени, освен горепријавените имаат дадено изјава со која потврдуваат дека испратниците се фалсификувани, дека тоа не се нивни потписи и дека никогаш не примиле такви материјали, рече директорот Илиевски.

Илиевски поради презумпција на невиност не сакаше да го открие идентитетот на вработените против кои денеска поднесе кривични пријави, меѓутоа нагласи дека се правени малверзации со повеќе набавни материјали во претпријатието.

– Поради презумпција на невиност можам само да ги кажам нивните иницијали, тоа се вработените Ф.Ф., С.Ѓ. и С.Л. Има повеќе видови на материјали, од ХТЗ опрема, преку песоци, преку цемент, преку шибери, спојки, имате таму доделени на вработен кој работи во одржување на системот 485 спојки во ист ден, за секоја спојка тој треба да направи ископ, да ја намести и да направи поткопување на канал. Овие лица толку бескрупулозно на грбот на вработените грабеле и пљачкосувале, ова е само една од неколкуте кривични приајви кои ќе ги поднесеме во следниот период, додаде Илиевски.

Поднесените кривични пријави се однесуваат на период од 2016 и 2017 година, но ќе се истражуваат и претходните години дали имало евентуални други злоупотреби.

Вкупната вредност според Илиевски надминува милионска сума, а против сите вработени освен кривичните пријави, отворени се и дисциплински постапки во самото претпријатие.

Loading...

– Вкупната проневерна е во милионски суми. Секоја ставка оделно кога ќе завршиме со сите пријави ќе ви ја кажеме секоја ставка одделно. Ние денеска поднесовме прва пријава очекуваме за месец- два да ги средиме и другите, рече Илиевски.

Илиевски и својот тим, кои менаџираат со претпријатието од почетокот на 2018 година, споредувајќи ги трошоците наишле на огромни разлики со претходните години, при што спровеле интерна истрага во претпријатието и наишле на проневери на пари, но и како што рече, уништување на документација.

Leave a Reply