Милионерка исчезнала пред шест месеци, сега ја пронашле како бездомник (фото)

Сподели со своите пријатели

Британската милионерка, исчезната пред шест месеци, ја пронашле како спие на една од шопинг улиците во Милано. Принцезата Аријан Лак (51) наводно тешко ја повредиле при грабеж, поради што таа го загубила памтењето.

Нејзиното семејство ангажирало приватен истражувач за да ја пронајде. Верувале или не таа отишла во Милано затоа што таму имала пријатели. Се уште не е јасно зошто во пторагата не биле вклучени и британската и италијанската поиција.

Неименуваниот истражител, инаку поранешен албански полцаец се распрашувал за Аријана низ Милано и на луѓето им ја покажувал нејзината фотографија. Работата започнала да се отплеткува откако некои бездомници рекле дека ја виделе како спие на улица, а потоа еден фризер му потврдил дека еднаш ја фризирал Аријан и дека била валкана.

Кога истажувачот ја пронашол, ја повикал нејзината сестра во Милано затоа што на Аријана и била потребна помош. Се обидела да објасни што всушност се случило.

– Можеби шетав кога ме нападнаа и ограбија. Паднав на земјата и удрив силно со главата.Многу го сакам Милано. Луѓето ми нудија помош, ми даваа храна, но одбивав. Во контејнерите пронаоѓав нешто за јадење, а знаев да стојам и пред хотели и ресторани – раскажала таа.

Истагата утврдила дека Аријан, пред нападот отседнала во хотелоте Residence Di Coro/ Di Corso во Милано. Со оглед дека хотелот затворал, Аријан се преселиле во друг хотел и од тогаш и се губи секаква трага.

Милионерка родена во Иран и тврди дека е потомство на кралството на династијата Каџари. Живее во Велика Бирганија и има британско државјанство.

https://twitter.com/MissingAbroad/status/843050007947370496?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.telegraf.rs%2Fzanimljivosti%2Fsvastara%2F2897408-milionerka-nestala-pre-6-meseci-a-sada-su-je-pronasli-kao-beskucnicu-napali-su-je-i-opljackali-pa-je-izgubila-pamcenje-foto

Loading...

Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.