Милионер се заколнал дека повеќе нема да се жени, но запознал 37 години помлада девојка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поранешниот директор на агенцијата за забава на возрасни и менаџер на ресторанот во кој гостите можат да јадат од тела на голи модели, се оженил со 37 години помлада жена, откако минал низ бракоразводна парница и изјавил дека никогаш повеќе нема да се жени.

Loading...

Австралиецот Стив Зјелински (67) се развел од претходната жена пред 11 години, а само за трошоците на судењето платил 1,2 милиони долари.

Неговата нова изабраничка е Англичанката Емили чарман (30), која работи како персонален тренер, а се венчале во февруари на село во Западна Австрлаија.

Парот се запознал пред осум години, кога тој имал 59, а таа 22 години.

– Имав скоро 60 години. Мислев дека нема да ја интересирам, но се спријателивме, а потоа почнавме да се забавуваме. Таа е од оние кои не се со вас поради парите, изјавил тој.

Вели дека се одлучил на тој чекор затоа што Емили е искрена личност зо здрави претстави за земјеството.

– Многу мои другари се сами и бараат партнерки. Возат ферари и ламурџини и бираат погрешни девојки затоа што тие ги гледаат колите и велат: „Овој е полн со пари“. Мојата девојка купува облека на и-беј, ја носи две години, потоа ја продава поскапо од што ја платила. Луѓето ме прашуваат: „Што кога ти ќе имаш 77 години, а таа само 40?“, а јас им велам дека и натаму ќе скокам како срничка, вели тој.

Поранешниот шеф на агенцијата за забава на возрасни „Raunchy Promotions“ еднаш дури бил во игра за можен кандидат за претседател на денсичарската партија „Една нација“ во Гориот дом на парламентот на Западна Австралија, но поради „нефер“ известувања на медиумите за неговото минато кариерата му завршила пред и да започне, пишува „Дејли мејл Австралиј“.

Loading...

– Нудиме најдобри стриптизети, модели за промоција, оскудно облечени, полуголи и голи келнерки и келнери, егзотични танчерки, стриптизети и стрипери и корпоративна забава, стои на сајтот на компанијата која некогаш ја водел.

Вели дека и не ја забележува разликата во годините, одлично се сложуваат, иако додава дека и било многу чудно што нејзината мајка е помлада од сегашниот сопруг.

Освен што е персонален тренер, Емили пишува и вегански блог, на кој објавува рецепти, совети за фитнес и убавина.

Leave a Reply