Милионер објави дека бара сопруга, но има необична листа барања

Сподели со своите пријатели

Познатиот британски милионер ги претстави карактеристиките и работите кои ги очекува од својата идна девојка, поради што стана вистински хит на социјалните мрежи.

Loading...

Имено, за разлика од неговите „колеги“ милионери, тој не се фокусирал на изгледот, туку на прилагодувањето на секоја животна околност, како и на самата личност.

Енди Скот (41) од Плимут го заработил својот прв милион на 26 години. Тој продолжил да го зголемува своето богатство се додека на 30-годишна возраст не останал без ништо поради економската криза која го зафати светот.

Сепак, тој успеал да се издигне од пепелта и повторно да ја создаде империјата, а сега, како што вели, конечно може да се сврти кон семејството и да ја побара вистинската девојка за брак.

Нему, како што вели, му е потребна „посебна личност“ која може да лета крстарејќи по Медитеранот со него, а зимите да ги минува на Алпите.

 

 

Loading...

„Сакам семејство, но тешко е да се најде некој што ги исполнува сите посакувани критериуми. Мојот хипнотерапевт ми рече дека ако се трудам колку што можам да најдам партнерка и работам, нема шанси да не најдам некого“, изјави Енди за медиумите, додавајќи дека е убеден дека навистина ќе биде среќен само кога ќе најде сродна душа.CDM“.

Претприемачкиот живот значи осаменост, а ти треба некој да ги сподели сите добри и лоши со него, да ги преиспита твоите избори“, рекол Енди, а пренесува Блиц.

А што бара Енди од партнерката? Вака изгледа неговата листа

– Интелигентна, уникатна девојка која не се сфаќа премногу сериозно и живеела интересен живот. Ја мрази просечноста и успеала во нешто, што и да е.

– Жена која не е родена со златна лажица во устата, која сама постигнала нешто.

 

 

Loading...

– Жена која се грижи за себе и за својот изглед. Мора да вежба пет пати неделно и да се гордее со својот изглед.

– Жена која не е зависна од социјалните мрежи, која знае да се исклучи од интернет.

– Жена достојна за мојата доверба.

– Камелеон кој ќе се снајде во сите ситуации и која подеднакво може да присуствува на гала настан и забава за тинејџери. Жена која може да биде и сериозна и дете, жена која може да биде и гламурозна и да ги засука ракавите.

– Жена која сака природа и прошетки, вода, едрење и која не глуми принцеза, туку може да се прилагоди на сите услови.

– Жена која сака да се смири и сака деца, но и разбира дека животот не завршува со деца и дека семејниот живот може и треба да биде забавен и полн со авантури.