Милионер на 23 години има 11 деца: Вели сака да има уште 105

Сподели со своите пријатели

Галип Озтурк и неговата сопруга Кристина решиле да ги соборат сите рекорди, иако таа природно досега родила само едно бебе.

Loading...

Милионерот Галип Озтурк од крајбрежниот град Батуми во Грузија има 11 деца со неговата 23-годишна девојка Кристина (23), а како што тврди, двајцата се договориле да не застануваат тука, туку да имаат 105 наследници.

 

 

Кристина, која е по потекло од Москва, била самохрана мајка на девојчето Вика кога решила да отпатува во суптропскиот рај наречен Лас Вегас на Црното Море.

Кога го запознала Галип таму, таа се вљуби, како што рече, на прв поглед и оттогаш тој е нејзин „ментор, водич и принц од бајките“. А, Галип потврди дека тоа е љубов на прв поглед.

Loading...

– Сè е многу лесно со неа. На нејзиното лице секогаш има насмевка, а во исто време е срамежлива и мистериозна. Таа е сопруга што отсекогаш ја посакував, несечен дијамант со чисто и добро срце – изјави тој за британскиот таблоид Мирор.

По првиот состанок, работите се развивале брзо. Кристина ја зела со себе својата ќерка Вика и се преселиле во Батуми.

Двојката веднаш одлучила да има големо семејство, па дури и милионерот, инаку сопственик на ланец луксузни хотели, не се спротивставил на тоа, иако веќе има еден брак и две деца зад себе.

Сепак, и Кристина и Галип брзо сфатиле дека репродуктивната способност на Кристина не е доволна за да ги задоволи нивните желби, особено поради тешката издржливост на ин витро оплодувањето, па затоа се одлучиле за сурогат мајчинство, што се смета за легално во Грузија.

Покрај тоа, Галип има доволно пари да си дозволи потенцијална сурогат мајка, бидејќи една бременост чини околу 8.000 евра.

Сите потенцијални кандидати за сурогат мајчинство поминуваат низ советување и потпишуваат правни документи пред да забременат со деца кои се генетски потекло од Кристина и нејзиниот сопруг.

Loading...

– Во моментов имам 10 деца и најновото бебе Оливија, кое пристигна на крајот на минатиот месец. Досега ја родив мојата најстара ќерка Вика, пред шест години. Останатите деца се генетски наши, од мојот сопруг и јас, но ги носеа сурогати – рекла Кристина и признала дека не знаела на крајот колку деца ќе има.

– Знам само дека сигурно не планираме да застанеме на бројот 10. Ние едноставно не сме подготвени да разговараме за конечниот број. Сè има свое време – истакна таа, додавајќи дека сите мислат дека има толку дадилки колку што има деца, но дека всушност секој ден го поминува со своите деца и најмногу се грижи самата за нив.

Патем, парот имал проблем со само една сурогат мајка затоа што не сакала да се разделува од бебето, но законски немала основа да го чува детето, па на крајот морала да им го даде на Озурците.

Грузија дозволи сурогат-мајчинство од 1997 година, но под услов двојката да биде во брак и обајцата да бидат хетеросексуалци.

Leave a Reply