Милион Италијанци на протестот за климатските промени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

И овој петок, низ светот се одржаа протести за климатските промени. Повеќе од милион луѓе се собраа во најголемите градови во Италија, соопштија организаторите од „Петок за иднината“.

Loading...

Собраните бараат почеток на борбата против климатската криза, велат организаторите.

„200 000 луѓе се собраа во Рим, најголем број, по што следуваше Милано со 150.000 луѓе“, рече Џанфранко Маскија од „Петок за иднината“.

Тој додаде дека околу 80.000 луѓе демонстрирале во Неапол, 50 000 во Фиренца и дека демонстрантите се собрале и во Торино, Болоња, Палермо и Бари.

„Зелениот бран“ на протести се одвива во 160 италијански градови и населени места, објави Анса.

Италијанскиот министер за образование Лоренцо Џорамонти и Движењето „Пет ѕвезди“ им испратија писмо на директорите на училиштата во кои им препорачуваат учениците да бидат отсутни од училиште за учество во протести.

Протестите во Италија ги коментираше и Грета Тунберг, 16-годишна тинејџерка од Шведска, која го инспирираше протестното движење.

„Неверојатни слики низ цела Италија“, рече таа на Твитер со видео од протестот во Торино.

Loading...

Протестите се одржаа и во Канада и 27 други земји, при што на протестот во Монтреал присуствуваше Грета Тунберг како и канадскиот премиер Џастин Трудо.

Протестите против климатските промени, кон крајот на минатото лето, ги започна Грета Тунберг пред седиштето на шведското собрание во Стокхолм.

Минатонеделните протести, што се одржаа во 130 земји, собраа околу четири милиони луѓе.

Leave a Reply