Милијарди долари под нозете на Талибанците

Сподели со своите пријатели

Новата талибанска влада во Авганистан, доколку е меѓународно признаена, ќе мора да се справи со лошиот животен стандард, недостатокот на здравствена заштита и проблемите со соседните земји. Но, Талибанците имаат и голем адут – залихи на исклучително вредни суровини.

Loading...

Поради недостаток на суровини за производство на чипови, целата светска електронска и автомобилска индустрија, како и сродни производители, во моментов се борат со недостаток.

Многу големи производители, како што е Тојота, веќе планираат да го намалат производството за дури 40 проценти. Недостасуваат чипови, разни уреди за контрола на возилото, како и штампани плочи.

Истата или слична ситуација е со производството на паметни телефони, компјутери и екрани за различни намени. Глобалните корпорации затоа бараат нови извори на суровини, пред се литиум, бакар, сребро и алуминиум – и се чини дека ги нашле во – Авганистан.

Земја на илјада чуда

Авганистан имаше многу турбулентна историја, и воено и политички. Во последните неколку децении, земјата отсекогаш била меѓу десетте најсиромашни во светот, и е многу зависна од хуманитарна помош, која примарно доаѓа од Обединетите нации.

Бруто производот по глава на жител е околу илјада долари, но поради слабата економија, голем број граѓани се принудени да работат за дневница од два до четири долари.

Пред една деценија, според проценките на ОН, дури 38 проценти од населението живеело со еден долар дневно, а ситуацијата во последните години се смета за економски напредок.

Loading...

Меѓународната финансиска помош придонесува најмногу за економскиот раст.

Авганистан има извоз од околу три до три и пол милијарди долари годишно, но бидејќи станува збор за суровини и земјоделски производи, ниту тука не е можно да се одредат точните износи.

Најмногу се извезуваат калинка, грозје, кајсии и дињи, како и разни видови ореви. Земјоделството постигна значителен напредок од 2002 година, пред се поради меѓународната помош и за пари и за машини за обработка на земјата.

Исто така, примената на модерните технологии во земјоделството неколку пати ги зголеми приносите, особено калинките и овошјата.

Од друга страна, не може да се игнорира фактот дека речиси дваесет проценти од земјоделците исто така се занимаваат со производство на опиум.

Авганистан со децении е водечки светски производител на опиум, а меѓународните организации веруваат дека дури десет проценти од економијата на земјата оди во производството на опиум.

Иако во последниве години имаше неколку програми за целосно намалување или запирање на ова производство, тие имаа многу мал ефект. Претходната влада дури им нудеше пари на руралните домаќинства да не одгледуваат афион. Помалку од 400 домаќинства ја прифатија програмата.

Во последниве години, во Кабул беа отворени неколку фабрики за преработка и конзервирање овошје и зеленчук, повторно благодарение на меѓународните програми и увозот на технологија од Кина и Индија.

Loading...

Се отворија десетина фабрики, кои произведуваа облека и материјали за шиење, и во кои претежно работеа жени. Во некои, жените беа и генерални менаџери.

Сепак, главниот потенцијал на Авганистан е рударството и извозот на суровини, лесни и обоени метали. Експертите проценуваат дека само 25 проценти од моментално неискористениот потенцијал за руда вреди помеѓу 700 милијарди и еден трилион долари.

Други проценки, како што се оние од Институтот Брукингс, наведуваат дека Авганистан може да заработи најмалку пет милијарди долари годишно директно во буџетот, а доколку се воспостави основна обработка на руда, повеќе од десет милијарди.

Провинцијата Хелманд се смета за најбогат дел од Авганистан кога станува збор за руди и минерални суровини. Најголем дел е литиум, клучна суровина за производство на чипови и електронски компоненти, како и злато, бакар, сребро и други метали.

Индиските експерти кои ги спроведоа тестовите помеѓу 2012 и 2014 година наведуваат дека Хелманд има најмалку еден милион кубни тони екстремно ретки метали и елементи, додека потврдените резерви може да бидат над пет милиони кубни тони.

Сепак, јасно е дека Авганистан нема ниту технологија ниту знаење за вакви големи капитални проекти. Дури и најосновната примарна обработка на суровини бара милијарди долари почетна инвестиција, што Авганистан едноставно ги нема.

Исто така, во земја каде 40 проценти од граѓаните се под прагот на сиромаштија, не може да се очекува брз пораст на бројот на експерти кои работат во рударската и преработувачката индустрија.

Минералните ресурси од најмалку трилион долари, како што и се очекуваше, го привлекуваат вниманието на големите сили, и претежно соседите – Кина и Индија.

Loading...

Експертите веруваат дека „експлоатацијата на таквите ресурси без странски инвестиции ќе остане само на хартија, бидејќи приватниот сектор е многу слаб, а земјата е веќе погодена од традиционалната политичка нестабилност, многу слаби институции и непостоечка патна инфраструктура во многу делови на земјата“.

Исто така, јасно е дека, дури и ако Талибанците навистина донесат многу потребен мир и стабилност, тие нема да можат да го развијат овој сектор на економијата уште многу години.

Политичарите и функционерите во САД, но и низ ЕУ, веруваат дека Кина ќе работи на експлоатација на барем дел од ова минерално богатство во наредните години.

Речиси целиот рударски и енергетски сектор во Кина е под контрола на државата, и за големите државни корпорации, отворањето неколку рудници во Авганистан не би било поголем проблем.

Кина, како водечки светски производител на електроника, сака да го обезбеди овој статус барем во следните дваесет години, што е една од поставените цели на раководството на Комунистичката партија.

Светската агенција за енергија (ИЕА) наведува дека само три земји – Кина, Австралија и Република Конго произведуваат дури 70 проценти од литиум, кобалт и ретки метали во светот.

Loading...

За производство на еден електричен автомобил се потребни пет пати повеќе минерални суровини отколку класичен автомобил со мотор со внатрешно согорување.

Американските владини агенции, исто така, проценуваат дека резервите на литиум во Авганистан може да бидат повисоки од оние во Боливија, кои досега се сметаа за најголеми на планетата.