Основачот на Амазон, Џеф Безос (57) денес објави дека ќе се повлече од функцијата извршен директор на компанијата на 5 јули, и дека еден од неговите соработници, Енди Џеси, ќе го замени на таа позиција.
– Тој датум има сентиментално значење за мене – рече Безос и потсети дека на тој ден во 1994 година, пред 27 години, е основана корпорацијата Амазон, пренесува АП.
Безос, чиј имот се проценува на 167 милијарди долари, нема да ја напушти компанијата, туку ќе се посвети на развојот на нови производи и иницијативи, а ќе биде ангажиран во својата вселенска програма на Blue Origin, како и во неговиот дневен Вашингтон Пост.
Амазон денес објави дека го купува познатото холивудско студио МГМ за 8,5 милијарди долари.