Инвеститорот и претрпеимач од Обединетите Арапски Емирати Абдула Алшехи, планира до крајот на годината санта мраз да префрли во Јужна Африка или Авсралија. Сето тоа ќе чини 80 милиони долари, а целта е со овој тест да се види дали постои можност некоја санта да се префрли во Обединетите Арапски Емирати за да на својот народ му обезбеди свежа вода.
„Парчето“ мраз од Антарктик ќе биде префрлено или во Кејптаун или во Перт во некој момент оваа година, но точниот датум се уште не е познат.
Емиратите го испраќаат првиот астронаут во вселената
Ова всушност е само тест за многу поамбициозни планови, а тоа е надеж дека тој ќе успее сантата мраз да ја префрли 8.000 километри подалеку, во ОАЕ.
Освен што ќе донесе свежа вода, ова ќе биде и вистинска туристичка атракција за земјата кој и не е навикната на мраз.
Алшехи за „Еуроњуз“ рекол дека според пресметките поевтино е да се донесе санта мраз отколку да се користи десалинизациска вода, до која се доаѓа со вадење на солта од морската вода.
УШТЕ ЕДЕН РЕКОРД ЗА ЕМИРАТИТЕ: Отворен најдолгиот зиплајн во светот (ВИДЕО)
– Постројките за десаланизација бараат многу пари, а пумпањето вода од заливот ги убива рибите и морскиот живот. Веруваме дека ова е економски поеколошка опција, не само за ОАЕ, туку за целиот свет, рекол тој.
Алшехи потсетува дека слични планови постоеле и претходно, а проектот на Саудиска Арабија пропаднал во 1977 година поради технички проблеми.
За да ова успее, милијардерот планира околу сантата мраз да изгради метален обруч, а потоа бродови преку океанот да ја донесат „коцката“.
ПАНИКА ВО ЕМИРАТИТЕ: Мистериозен летечки објект прелета преку Дубаи (видео)
Сантата мраз кој ќе биде избрана за користење ќе биде селектирана преку сателит и би можела да биде долга околу 2,5 километри.
Се очекува сантата во текот на десетмесечното патување да изгуби 30 отсто од масата. Ќе патува од островот Херд на Антарктик до Фуџејра, еден од седумте емирати во ОАЕ.
Сантата ќе донесе милиони литри свежа вода на оваа арапска земја, а и дождовни облаци со испуштање на студениот и влажен воздух.
„Палата на Емиратите“ – Најлускузниот хотел во светот вреден 6 милијарди долари (галерија)
Алшехи се надева дека ова ќе стане и голема туристичка атракција.
Финалниот проект ќе чини од 100 до 150 милиони долари, со 60-70 милиони кои ќе бидат потрошени на тестиањето.
Обединетите Арапски Емирати се една од најсушните земји. Климата е исклучително сува и за година дена паѓаат помалку од 100мм дожд.
Ако пишувате навредливи коментари на социјалните мрежи, не патувајте во Дубаи
И покрај тоа, троши двојно повеќе од глобалниот национален просек, што во семјата создава сериозен ризик од суши во следните 25 години.
фото: Printscreen/Youtube/iTechieLove