Милан понудил 35 милиони за ѕвездата на Наполи!

Сподели со своите пријатели

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е сериозно заинтересиран за ѕвеадата на Наполи, Лоренцо Инсиње.

Притоа, „росонерите“ во текот на преодниот рок испратиле официјална понуда ’тешка’ 35 милиони евра, но Наполи експресно ја одбил истата.

Инсиње веќе неколку месеци преговара со раководството за потпишување нов договор, но сеуште нема постигнато договор, а Милан внимателно ја следи ситуацијата.

Медиумите тврдат дека следното лето „росонерите“ повторно ќе се вратат по Инсиње, а проблем за Наполи може да биде фактот што Милан му нуди многу поголема плата.

Инсиње е дете на Наполи и роден Наполитанец, па тешко е да се поверува дека ќе го напушти клубот, но доколку не го продолжи договорот Наполи ќе биде приморан да го продаде.

Sportski.mk