Милан Калиниќ со „Идеална половина“ вечерва на „Денови на комедија“

Сподели со своите пријатели

Претставата „Идеална половина“ на продукцијата Арлекин од Белград, Република Србија вечерва е на репертоарот на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ кој се одржува во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Loading...

Дел од оваа претстава е еден од најпознатите актери во регионот Милан Калиниќ, кој игра заедно со Олга Одановиќ, Вучиќ Петровиќ и Анастасија Мандиќ.

Станува збор за претстава работена според текстот на Милена Деполо, а во режија на Никола Завишиќ.

Комедијата започнува во 20 часот.

Никола Ивановски