Милан – Арсенал дерби на осминафиналето од ЛЕ

Сподели со своите пријатели

Екипите на Милан и на Арсенал ќе играат во осминафиналето од фудбалската Лига Европа, одлучи денешната жрепка во второто по квалитет клупско европско натпреварување.

Португалски Спортинг за кој настапува македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски ќе игра со чешки Плзен.

Двојки за 1/8финалето во ЛЕ:

Милан – Арсенал
Лацио – Динамо Киев
Лајпциг – Зенит
Атлетико Мадрид – Локомотив Москва
ЦСКА Москва – Олимпик Лион
Олимпик Марсеј – Атлетик Билбао
Спортинг Лисабон – Плзен
Борусија Дортмунд – Салцбург.

Средбите ќе с еиграат на 8 и на 15 март.

Leave a Reply