Мила Трајковиќ од ЖРК Куманово замина во Металург

Сподели со своите пријатели

Една од најдобрите млади ракометарки не само во Куманово, туку и во државата, Мила Трајковиќ направи неочекуван трансфер и замина од Женскиот ракометен клуб Куманово во составот на Металург.

Loading...

Трајковиќ игра на крилната позиција, беше столбот во  изминатата сезона и со тимот на Куманово освои двојна круна во домашниот ракомет за дами. Трајковиќ има играно во кадетската, младинската и сениорската репрезентација на Македонија и е целосен „производ“ на ЖРК Куманово.

Во пионеркста лига беше најдобар стрелец во државното првенство, во кадетската лига беше прогласена за МВП, како и во Купот на Македонија.На Европското кадетско првенство во Скопје беше МВП на одлучувачкиот дуел со Фарски Острови, а до титулата најтрофеен играч стигна и на меѓународниот турнир во Бар каде настапуваа екипи од Србија, Црна Гора и Шведска.

Освен Трајковиќ, од составот на Куманово замина и долгогодишниот капитен Александра Боризовска.

Никола Ивановски