Мигранти влегле во камион на Табановце во обид да се шверцуваат

Сподели со своите пријатели

Осуммина мигранти се приведени вчера на Граничниот премин Табановце, бидејќи се обиделе да се шверцуваат во камион кој бил паркиран таму.

Loading...

– На 24.09.2020 во 10.30 часот во Царинска испостава „Табановце“, полициски службеници од Полициска станица Табановце, по пријава на М.Б.(53) од Р.Босна и Херцеговина, дека забележал оштетување на товарното возило, со странска национална ознака, кое го управувал, настанато додека бил паркиран во близина на Граничен премин Табановце, извршиле контрола на возилото, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Притоа, во задниот товарен дел биле пронајдени осум лица мигранти (пет од Бангладеш, две од Пакистан и едно од Р.Турција), кои според пријавеното влегле во товарниот дел додека возилото било паркирано.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите се предадени во Транзитен центар Табановце.

Никола Ивановски

Leave a Reply