Мигрант фатен како управува возило полно со 13 останати мигранти

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден,  во 18.30 часот во близина на с.Прдејци – гевгелиско,  од страна на полициски службеници било забележано ПМВ „Шкода Фелиција“ без регистарски ознаки, управувано од илегален мигрант.

Тој не застанал на предупредувањето на полициските службеници и продолжил со движење, и по кратко време во близина на с.Смоквица, изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот.

Во возилото биле затекнати 13 лица – мигранти, од кои две од Мароко (меѓу кои и лицето кое го управувало возилото) и 11 лица од Иран.

Во 22.00 часот лицата се однесени во ПТЦ – Гевгелија.