Мицотакис: Напредокот кон ЕУ бара решение со дијалог

Сподели со своите пријатели

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис посочи дека за напредок во евроинтегративниот процес е важно да се дојде до решение во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Loading...

Мицотакис, пред Самитот ЕУ-Западен Балкан, на прашањето колку е важно за безбедноста на регионот, но и на ЕУ, да се најде брзо решение за проблемот меѓу Белград и Приштина, посочи дека секогаш го поддржувал дијалогот.

Тој истакна дека дијалогот мора да се води со добра волја од двете страни.

– Ја разбираме сложеноста на тоа прашање, но свесни сме дека додека не се реши, ќе биде тешко да се постигне потребниот напредок за целосна интеграција во европското семејство, заклучи тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рекордер од Словенија: Освои 60 милиони евра на Евроџекпот