Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе биде меѓу првите што ќе се вози на пругата од Куманово до Бељаковце и ќе означи завршување на овој дел од делницата на Коридорот 8.
Пругата Куманово – Бељаковце, како што потенцираат од Владата, е со должина од 30.8 километри и на неа се изградени 3 нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација.
На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално -телекомуникациска опрема во вредност од 10.000.000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.
Новинарите ќе имаат можност заедно со премиерот Мицкоски и министерот за транспорт Николоски да ја извозат со локомотива ново изградената железничка пруга.
Собирно место е железничката станица во Куманово.
Свој говор пред присутните ќе одржи премиерот Мицкоски.