Мицкоски: Навивачките групи да навиваат спортски, сето останато ќе биде предмет на истрага

Сподели со своите пријатели

Навивачките групи да навиваат спортски и да го бодрат својот тим и националниот тим на Македонија, а се останато ќе биде предмет на истрага, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски по однос на натпреварот меѓу Македонија и Романија кој се играше во Куманово, а за кој се нижат реакции за неспортско навивање.

Loading...

Мицкоски е само уште еден во низата кој го осуди таквото навивање и рече дека се поединци и дека во салата воопшто не било забележано.

– Искрен да бидам додека бев таму воопшто и не го не забележав тоа бидејќи стануваше збор за мала група луѓе, но исто така еве би сакал да ја искористам оваа прилика да се приклучам кон осудата на национализмот и ксенофобијата најпрвин на тоа што се случи за време на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија и Романија, а потоа и да упатам порака до сите навивачки групи да навиваат спортски, да го бодрат својот тим и националниот тим на Македонија, тоа е она коешто оваа влада го поддржува, а сето останато ќе биде предмет на истрага и предмет на санкции без разлика од која страна доаѓа, рече Мицкоски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Финализираат преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ за заеднички кандидати (ВИДЕО)

Тој упати осуда и рече дека националистичкото скандирање не наиде на поддршка на никој од присутните во салата.

Никола Ивановски