Се уште не е одлучен победникот на претседателските избори во САД, изјави денеска Мич Меконел, лидерот на републиканците во американскиот Сенат.
Ова е во јасна спротивност со изјавата на претседателот Доналд Трамп, кој претходно кажа дека тој е победник на изборите.
-Се уште не знаеме кој победи на претседателските избори, изјави Меконел пред новинарите во неговата држава Кентаки. „Ја чекаме одлуката на американскиот народ“, додаде тој.
Меконел изјави дека не е јасно дали републиканците ќе го задржат мнозинството во Сенатот, но изрази оптимизам дека ќе остане лидер на мнозинството во Горниот дом на Конгресот.
Тој, исто така, изрази задоволство што прилично лесно е реизбран во ова тело, иако демократите вложија десетици милиони во кампањата за да го поразат.
Сашко Димевски