Метеорологот предизвика лавина коментари поради тоа што го направи: „Не знам кој ми е омилен дел“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Метеорологот Марк Вајнберг беше погоден од гаф на локалната телевизиска станица WDRB во Луисвил, Кентаки, што го направи хит на Интернет. Додека го прогнозираше времето за наредните денови и го најавуваше студот кој доаѓа од запад, во еден момент замолкна секунда-две, а потоа се слушна необичен звук.

Loading...

Видеото на Твитер го сподели Џордан Доенгес, а сите веднаш претпоставија дека метеорологот го “пуштил ветерот во воздух”, што предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

– Во прогнозата може да очекувате многу кратки, релативно мали, но непредвидливи налети на ветер – е еден од многуте коментари. – Не знам кој ми е омилен дел. Дека тоа му се случило, дека застанал за драматичен ефект или дека навистина му го потресе телото – е друг коментар.