Метеор го осветли небото во Норвешка, експертите трагаат по остатоците (ВИДЕО)

Loading...
Сподели со своите пријатели

„Невообичаено големиот метеор“ за кратко време го осветли ноќното небо на југот на Норвешка, создавајќи спектакуларна сцена додека татнеше низ небото.

Експертите претпоставуваат дека дел од метеорот паднал на Земјата недалеку од главниот град Осло.

Очевидци кои имале среќа да ја видат оваа сцена нагласуваат дека метеорот летал со силна грмотевица, а полицијата потврдила дека добиле повеќе повици од вознемирени граѓани, но не било соопштено дека има повредени или е причинета материјална штета.

Извештаите на очевидците започнале да пристигнуваат околу еден час по полноќ по локално време, а блесок светлина бил видлив најмалку пет секунди. Метеорот паѓаl со брзина од околу 16,3 километри во секунда.

 

Уличните камери во Холмстранд, јужно од Осло, снимија огнена топка како лета преку ноќното небо и го осветлува пристаништето со силна светлина.

Норвешката служба за следење на метеори ги анализирала сите видеа и други податоци за да ја одреди траекторијата и дестинацијата на метеорot. Според првите податоци, метеорот можеби ја погодил Земјата во шума, околу 60 километри од Осло.

Loading...

„Беше лудо!“, rече Мортен Билет, од набqудувачката служба, кој виде како паѓа метеорот, во изјава за Ројтерс.

Не беа пронајдени остатоци во текот на денот, со оглед на тоа што локацијата каде што се претпоставува дека паднал е доста „барана“, а потрагата може да трае „10-тина години“, додава Билет.

 

Некои очевидци исто така пријавија дека чувствувале силен ударен бран за време на летот на метеорот.

„Она што синоќа го видовме над нашите глави е веројатно голема карпа што патуваше помеѓу Марс и Јупитер, затоа што се наоѓаме во тој астероиден појас. И кога татнежи и сјае со својата светлина, тоа создава голема возбуда кај нас експертите, но можеби и страв кај обичните луѓе“, објаснува Билет.

Треба да се има на ум дека метеор кој експлодираше над централна Русија во близина на градот Чеqабинск во 2013 година, поплави огромна област со дожд од огнени топки и предизвика шок бран што ги искрши прозорците и ги оштети зградите и повреди повеќе од 1.200 луѓе.

 

Loading...

Leave a Reply