Меси по триумфот во Боливија: Одлична победа на оваа висина

Сподели со своите пријатели

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Меси ги сподели своите впечатоци по победата над Боливија (2:1) во квалификациите на СП 2022 година.

Loading...

-Одлична победа на висина каде што е секогаш тешко да се игра. Имаме уште многу работа, квалификациите штотуку започнаа. Многу сме задоволни од овие две победи. Напред Аргентина! – напиша Меси на Инстаграм.

Стадионот на репрезентацијата на Боливија се наоѓа на 3.600 метри надморска височина.

Претходно, Аргентинците го совладаа Еквадор (1:0).

Зоран Стерјовски

Leave a Reply