Меси имал договор за трансфер во Челси

Сподели со своите пријатели

Минатото лето, Лионел Меси призна дека не е среќен во Барселона и се обиде да си замине по околу 20 години во клубот. На крајот, тој остана откако раководството не го пушти. Излегува дека пред години аргентинскиот волшебник бил подготвен да се раздели со „црвено-синиот“ дрес. Во својата нова книга, италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио открива дека летото 2014 година Меси разговарал со Жозе Мурињо за неговиот трансфер во Челзи, каде Португалецот беше менаџер.

Loading...

Сезоната 2013/14 беше неуспешна за Барса затоа што тимот не успеа да освои ништо. Каталонците предводени од Тата Мартино ја загубија борбата за титулата од Атлетико Мадрид и беа елиминирани од истиот ривал во Лигата на шампионите. Тогаш разочараниот Меси го побарал Специјалниот. Според Ди Марцио, „Ла Пулга“ го дал своето „да“ за трансфер во Челси во разговор со Жозе. Планот бил „сините“ да ја активираат неговата клаузула за откуп – тогаш во износ од 250 милиони евра – а самиот фудбалер да добие годишна плата од 50 милиони евра.

Евентуалната бомбастична зделка ја попречил таткото на Лео Меси – Хорхе, кој го одвратил неговиот син. Поранешниот играч на Барса и Челзи, Деко, зборувал во ист дух.

Повторно, според Ди Марцио, една година порано – во 2013 година, легендата за „Блаугранас“ бил баран од претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, но Аргентинецот категорично одбил дури и да преговара за трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Влатче Зорба

Leave a Reply