Месечината ќе предизвикува поплави во 2030-тите, предупредува НАСА

Сподели со своите пријатели

Честите поплави ќе го погодуваат брегот на САД во текот на 2030-тите благодарение на редовниот месечев циклус, што ќе го интензивира покачувањето на нивото на морето, што веќе се случува поради климатските промени, покажува студија на научниците од НАСА, чии резултати се применливи ширум светот, пренесува Хина.

Loading...

Клучните фактори што научниците ги откриле е редовната „флуктуација“ на орбитата на Месечината, која за првпат беше утврдена во 18 век и трае вкупно 18,6 години.

 

 

Гравитационото влечење на Месечината помага при движење на плимата и осеката на Земјата.

Во првата половина на лунарниот циклус, редовните дневни плими и осеки на Земјата се послаби, при што плимите се пониски од вообичаеното, а плимите се повисоки.

Во втората половина на лунарниот циклус, ситуацијата е обратна, па тогаш плимата и осеката е поголема, а плима е пониска.

Loading...

Очекуваните поплави во текот на 2030-тите ќе се должат на комбинација на континуиран пораст на нивото на морето како резултат на климатските промени и влегување во втората половина на лунарниот циклус што ги засилува плимата и осеката.

 

 

– Во позадина имаме долгорочно покачување на нивото на морето поврзано со глобалното затоплување. Тоа предизвикува пораст на нивото на морето насекаде. Влијанието на Месечината предизвикува промени во плимата и осеката и откривме дека ова влијание ќе се совпадне со општото покачување на нивото на морето, што ќе предизвика поплави во периодот од 2030 до 2040 година – рече Бен Хамлингтон, шеф на тимот научници на НАСА и еден од автор на студијата.

Научниците проучувале 89 локации каде се мерат плимата и осеката во секоја крајбрежна американска држава, освен Алјаска.

Ефектот на оваа динамика се однесува на целата планета, освен на крајниот северен брег како Алјаска.

 

Loading...

 

Во споредба со претходните проценки, оваа студија предвидува значителни поплави околу 70 години порано. Истражувањето, објавено овој месец во списанието Nature Climate Change, се фокусира на американскиот брег, но резултатите се применливи на бреговите ширум светот, истакнува НАСА.

– Ова е навистина клучна информација за планерите – истакнува Хамлингтон, додавајќи дека урбаните планери треба веднаш да планираат изградба на згради и делови од инфраструктурата во согласност со резултатите од ова истражување.

Leave a Reply