Меркел предупредува: Во трет бран сме, вниматлено со олеснување на мерките

Сподели со своите пријатели

Германија е во третиот бран на пандемија на коронавирусот, предупреди денеска канцеларката Ангела Меркел, обраќајќи им се на пратениците на нејзината конзервативна Христијанско-демократска унија.

Loading...

„Сега сме во третиот бран“, рече Меркел, повикувајќи се на два неименувани извори од состанокот.

Според соговорниците на агенцијата, Меркел истакнала дека секое ублажување на мерките за заклучување, воведено на крајот на минатиот месец и продолжено до 7 март, ќе треба да се спроведува постепено и внимателно.

„Не можеме да си дозволиме успони и падови“, рече Меркел, сугерирајќи дека сака какво било враќање во нормалниот живот да се спроведе внимателно и да се избегне повторно заклучување доколку бројот на случаи започне повторно да се зголемува.

Затворањето на сите деловни активности, чија деловна активност не се смета за неопходна за животот на граѓаните и контролите на границите со Австрија и Чешка, каде се појавија епидемии поврзани со заразен вид на вирусот, и помогнаа на Германија да го намали бројот на заболени од корона.

Сепак, побавното спроведување на вакцинацијата и ризикот од избивање на големи жаришта на биратнскиот сој, кои се шират брзо и веќе се откриени во Германија, може да го отежнат олеснувањето на рестриктивните мерки.

Leave a Reply