Меркел објавува мемоари

Сподели со своите пријатели

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел (68), која беше на функцијата 16 години, ќе објави политички мемоари во 2024 година, објави денеска нејзиниот издавач.

Loading...

Меркел ќе објави книга со поранешниот долгогодишен советник Бит Бауман, која ќе даде ексклузивен, личен поглед на нејзиниот политички живот и работа.

„Мило ми е што можам да пренесам сознанија за главните одлуки и ситуации од мојата политичка работа во книгата и да ги направам разбирливи за пошироката јавност, повикувајќи се на мојата биографија“, рече Меркел, како што објави издавачот Kippenheuer & Wisch, објави АП.

Веднаш по напуштањето на функцијата, осврнувајќи се на 16-годишното раководење со земјата, таа рече дека канцеларските должности ја исполнуваат, но има и предизвици.

Меркел, поранешен научник кој пораснал во Источна Германија, стана првата жена канцеларка на Германија во ноември 2005 година.