Меркел: Германија е со Австрија во борба против исламскиот тероризам

Сподели со своите пријатели

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази шокираност од терористичките напади во Виена и посочи дека Германија е цврсто со Австрија во борбата против исламскиот тероризам.

Loading...

– Во овие страшни часови, кога Виена стана цел на терористичко насилство, моите мисли се насочени кон граѓаните и безбедносните сили кои се соочуваат со опасности, напиша Меркел на Твитер.

Таа посочи дека Германците изразуваат солидарност со своите австриски пријатели.

– Борбата против исламскиот тероризам е наша заедничка борба, нагласи Меркел.

Јасмина Тасевска

Leave a Reply