Мерцедес во движење се запалил на автопатот Куманово – Скопје

Сподели со своите пријатели

Патничко моторно возило „Мерцедес“ вчера се запалило во движење на автопатот Куманово 0 Скопје.

Loading...

– На 24.05.2022 во 14.18 часот во СВР Куманово било пријавено дека на автопатот Куманово- Скопје настанал пожар во патничко моторно возило во движење „мерцедес“ со германски национални ознаки управувано од Н.М.(28) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица Куманово во гаснењето на пожарот учествувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило во период од 14:15 до 15:00 часот.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Никола Ивановски