Мерцедес навести продолжување на договорот со Хамилтон

Сподели со своите пријатели

Прес-службата на Формула 1 тимот Мерцедес навести продолжување на договорот со пилотот Луис Хамилтон.

Loading...

Преку официјалниот Твитер на тимот, Мерцедес објави цитат од Хамилтон дека сака да продолжи да се натпреварува за „Сребрените стрели“. Објавувањето е придружено со емотикони во форма на рака, потпишувајќи нешто со пенкало и со натпис „наскоро“.

Хамилтон вози за Мерцедес од 2013 година. Како дел од тимот, тој стана шампион во Формула 1 шест пати. Во 2020 година, 35-годишниот Британец ја освои седмата шампионска титула во својата кариера, достигнувајќи го Германецот Михаел Шумахер. Претходниот договор на Хамилтон беше со важност до крајот на сезоната 2020 година.

Зоран Стерјовски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *